Непознат сторител вчера попладне ја киднапирал дваесет и тригодишната Ќ.М. од Скопје и насилно ја внел во патничко возило со кое се упатил кон Велес.
Во близина на езерото „Младост“, таа успеала да избега од возилото и пеш се упатила кон Велес.
Како што соопшти МВР во полицискиот билтен, непознатото лице и се приближило на Ќ.М. вчера околу 15.40 часот на бул. „Видое Смилевски Бато“ во Ново Лисиче, кога таа излегла од зградата каде што работи.
Ја втурнал во возилото со кое се упатил по стариот пат Катланово -Велес.
МВР презема мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на настанот.