Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал неговата сопруга додека таа спиела во семејниот дом.
Како што информираат од полицијата, мажот потоа избегал со возилото, а сопругата била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Неколку часа подоцна, мажот бил пронајден починат на нива со повреда на вратот.
Полициска екипа извршила увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.