Во вечерните часови на 14 февруари полицијата уапсила скопјанец со иницијали А.Ц, затоа што физички ја нападнал неговата мајка, а се обидел со остар предмет да нападне и полицајци кои вршеле службени дејствија.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.