Полицијата вчера околу 17 часот на булеварот Александар Македонски го уапсила Н.Ќ. (36) од Скопје осомничен за одземање патничко возило и предизвикување сообраќајна незгода.
Истрагата утврдила дека истиот ден, половина час претходно, С.Н.(46) од Скопје пријавил дека на улица Даме Груев му бил украден автомобилот, кој тој го оставил со клучот внатре и со вклучен мотор.
Набргу потоа, возилото било забележано во близина на кејот на реката Вардар. Но, и покрај наредбата да застане, Н.Ќ. продолжил и со возилото турнал двајца полициски службеници и побегнал. Додека, третиот полициски службеник со службено возило тргнал по него и успеал да го престигне. Притоа, на булеварот Александар Македонски, Н.Ќ. го запрел возилото и почнал да бега трчајќи, но набргу бил фатен и уапсен.
Претходно, додека бегал со одземеното возило, Н.Ќ. удрил и оштетил три други возила, како и службено полициско возило . Притоа, со телесни повреди се здобиле возач на едното возилото сопатникот во истото возило, додека полицискиот службеник кој го уапсил Н.Ќ. се здобил со тешки телесни повреди.
Тие биле пренесени во болницата „8-ми Септември “, каде им била укажана лекарска помош. По целосно докуменитрање на случајот против Н.Ќ ќе биде поднесена соодветна пријава.