Рано утрово, околу 1.30 часот, на граничниот премин Богородица бил лишен од
слобода па потоа ослободен скопјанецот В.Ј. (28).
На граничниот премин на излез од Република Македонија, во автобус со скопски регистерски таблички, при контрола на патникот В.Ј. (28) од Скопје, во неговиот ранец од страна на полициските службеници биле пронајдени 80 грама растителна материја (најверојатно марихуана) која била завиткана во две ќесиња.
Подоцна, околу 2 часот В.Ј.(28) бил лишен од слобода, а по извршениот разговор во полициската станица тој бил пуштен на слобода. За стореното кривично дело ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.
Пронајдената растителната материја била одземена и предадена за понатамошна
постапка. Т.Д.