Четириесет и четиригодишен скопјанец вчера бил донесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ со убодни рани во пределот на грбот, соопшти МВР.
Според пријавеното, повредите му биле нанесени во дворот од неговата куќа на ул. 376, од соседите Б.М. и А.Н., и двајцата од Скопје, по меѓусебна вербална расправија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.