Скопјанец заврши на Ургентен центар со повреди, откако бил нападнат во близина на општина Бутел од страна на неговиот брат.
„Денеска (09.11.2021) во СВР Скопје бил лишен од слобода Љ.Т.(52) од Скопје, бидејќи во 07.52 часот во непосредна близина на општина Бутел, со остар предмет го повредил неговиот брат А.Т.(53) од Скопје, вработен во општината, кој бил пренесен во Ургентен центар Скопје за укажување на лекарска помош“, информираат од МВР.
По расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.