Скопската полиција минатиот петок (18 септември) уапсила извесен Р.Ј., за кој Единицата за недозволена трговија имала поднесена кривична пријава под сомнение за сотрени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“.
На први мај годинава, по претходно добиена судска наредба, полицијата извршила претрес на дом и други простории и во пошироката околина помеѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“ биле пронајдени: автоматско оружје со навој на пригушувач, две рамки со 34 куршуми калибар 7,65 мм и пригушувач, две автоматски пушки, полуавтоматска пушка „Берета“ со празна рамка и рамка за автоматска пушка со 18 куршуми, автоматско оружје со навој за пригушувач, пригушувач и рамка со 20 куршуми, како и пет пакувања со 2,382 грама хероин.