Фото: Маја Јаневска-Илиева/Илустрација

Педесет и тригодишен маж починал за време на извршување на градежни работи, информира Министерството за внатрешни работи.

Според соопштението од МВР, вчера во 14.50 часот во СВР Штип, од Итна медицинска помош било пријавено дека, додека извршувал градежни работи, починал Ј.Ш.(53) од Шуто Оризари-Скопје.

Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат надлежните.