Скопјанец со иницијали С.П. (74) вчера во периодот од 10:30 до 11 часот на некатегоризиран пат во село Ќоселери, општина Лозово, управувајќи трактор „ИМТ 533“ починал на тракторот, изгубил контрола и излетал во река.
Смртта била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе. Увид на местото извршила екипа од Полицската станица Свети Николе.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.