Педесет и шестгодишен скопјанец синоќа со тешки повреди со возило на Итна помош бил донесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Како што информираа од МВР, Н.А. со повредите се здобил при пад од покрив на куќа во изградба во Скопје на ул.„Александар Турунџев“. Се работи на расчистување на случајот.