Скопјанец ја прекршил забраната за движење и бил затекнат на улица со марихуана. Настанот се случил синоќа во 23 часот на ул. Цветан Димов во Скопје.
– Приведен е С.Ф.(23) од Скопје затоа што бил затекнат надвор од домот за време на забрана за движење и при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Бит Пазар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – велат од МВР.