Против 21-годишен скопјанец е поднесена кривична пријава поради основано сомнение дека извршил четири „тешки кражби“ и една „тешка кражба во обид“ со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 147.200 денари.
Пријавениот Е.М. ги извршил делата во периодот од август до октомври годинава на подрачјето на општина Центар каде со употреба на сила и погоден алат влегувал во продавници, книжарница и една приватна фирма од каде одземал пари, платежни картички и други предмети.
По преземени мерки и активности, на 28 октомври е приведен во полициската станица на Бит пазар. Тој ги признал делата и ги посочил местата каде се наоѓаат дел од одземените предмети.