Четириесет и шестгодишен скопјанец во Градскиот парк во Скопје, со употреба на внатрешна гума од мопед, го врзал својот малолетен внук за дрво, а малолетната внука ја удрил по главата и ѝ се закнувал со дрвена палка. Настанот бил снимен и пријавен од страна на очевидец.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“.