Ситуацијата на ГП Табановце, каде што денес околу 16 часот во двокатен автобус со новосадски регистарски таблички избувна пожар, е ставена под контрола. Според последните информации од МВР, за среќа нема повредени во несреќата и сообраќајот се одвива нормално.
– Околу 16 часот на излез од Македонија дошло до опожарување на двоспратен автобус со новосадски таблички, а патниците се евакуирани. На местото на несреќата излезе противпожарна екипа од Куманово, а засега сообраќајот се одвива нормално – велат од МВР.
Патниците и сите кои се затекнаа на граничниот премин беа видно вознемирени. Пожарот е локализиран и ставен под контрола.
Д.Ср.;В.Т.