Дваесет и двегодишник од скопско Марино синоќа ја претепал својата мајка, нанесувајќи и скршеница на подлактицата.
Како што соопшти МВР, Е.К.(48) околу 20,30 часот седела во својот дом во село Марино заедно со нејзиниот син Х.К.(22), кој почнал да ја навредува и во еден момент физички ја нападнал. Потоа продолжил да и се заканува дека повторно физички ќе ја нападне, а Е.К. излегла од домот и се упатила во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар и била констатирана тешка телесна повреда (скршеница на долниот дел на подлактицата на левата рака).
По превземени мерки Х.Т. бил приведен во полициска станица и со истиот бил извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.