Според информацијата од СВР Велес, вчеравечер во 18.00 часот во СВР Велес 21-годишно момче од неготинско село пријавило дека на 16 февруари околу 01.30 часот пред наплатната станица „Градско“ непознат сторител го присилил на полов однос.
Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, по наредба на Јавен обвинител момчето е упатено на медицински преглед.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.