Четиринаесетгодишно девојче од Скопје од Домот за деца со социјални проблеми кое престојувало во одморалиштето „25-ти Мај“, синоќа во Полициската станица во Струга пријавило дека истиот ден околу 16 часот непознато лице извршило други полови дејствија врз неа, информира МВР.
Според пријавата, девојчето било на плажа и потоа заминало кон излезот од Струга. Таму била пресретната од непознато лице со непознато возило, кое се понудило да ја превезе.
По кратко време лицето застанало во близина на село Калишта и го сторил делото, по што ја вратил во одморалиштето. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.