Судијката Добрила Кацарска се очекува утре јавно да ја објави пресудата за предметот „Транспотер“.
По речиси четиригодишно судење со давањето на завршните зборови на обвинетите, деновиве заврши судњето во случајот во кој обвинети се поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески, поранешниот секретар Слободан Бончановски, 19 директори на основни и средни училишта, како и управители на автопревозни фирми.
Сите тие се обвинети за наводно нанесена штета на Општината Битола во износ од 360.000 евра.
На соопштувањето на пресудата не се очекува присуството на обвинетите од Битола, бидејќи тие, наводно, биле финансиски исцрпени од долготрајното судење. М.М.