Истрага за несреќата во Бугарија
Се работи на сите верзии кои можат да бидат причина за пожарот во автобусот, но засега, не е утврдена точната причина. Борислав Сарафов, заменик на главниот бугарски обвинител, посочи дека првичното и непотврдено сомневање е дека пожарот настанал по ударот на автобусот во една од банкините.
Според неговото објаснување, по ударот во една од банкините на патот, автобусот подолго време се движел покрај неа, поради што е можно да настанал, како што рече „ефект на шмирглање“. Тоа значи дека се исфрлале искри, кои пак, предизвикале течностите во автобусот, а тоа се масла и нафта, да се запалат и лесно да горат. Според неговото објаснување, автобусот имал делови кои лесно се загреале, помогнале брзо да се запали и изгори.
За точните причини, од бугарското обвинителство посочија дека треба да се почека крајот на истрагата.
Бугарските обвинители се соменваат дека човечка грешка ја предизвикала автобуската несреќа.
Во автобусот пронјадени 44 жртви, еден патник веројатно патувал во друг автобус