Пожар избувнал синоќа во Пехчево во дворно место на пилани и помошни објекти сопственост на А.Б.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во 20,10 часот во Полициската станица Берово е пријавено дека во Пехчево на улицата „Пионерска“ од засега непознати причини избувнал пожар во дворното место каде се наоѓале пилани и помошни објекти сопственост на А.Б. од Пехчево. Од пожарот била запалена дрвна маса и отпад кој се наоѓал веднаш до објектите-пилани.
Пожарот е локализиран во 21,30 часот од страна на Територијалната противпожарна единица-Берово.
Во текот на денов ќе се изврши увид на местото на настанот.