Околу 20 часот на улицата „Живко Фирфов“ во скопската населба Драчево, се запали автомобил „Пунто“ во движење. Како што изјави возачот пожарот избил ненадејно додека бил во движење. Пожарот брзо ја зафати колата, а улицата беше блокирана од полицијата.
Противпожарнато возило дојде и го изгаси возилото, кое беше речиси 90 отсто уништена, но тоа го стори дури по околу дваесетина минути откако изби пожарот.
Неофицијално дознаваме дека Противпожарното возило дошло дури од Автокоманда, оти противпожарното возило од населбата Драчево било веќе излезено на терен да гаси пожар на друго место.
Случајот се испитува.
Фото и текст: Г.И.