Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека Групата за процена попладнево одржала седница на која поради зголемениот обем на пожарите, зголемениот ризик за граѓаните и неколку други причини, донела едногласна одлука да му предложи на Управувачкиот комитет да ѝ предложи на Владата да донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена.
– Управувачкиот комитет на седница која ја одржа предмалку го прифати предлогот на Групата за процена и ѝ предлага на Владата на РС Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија во траење од 30 дена – посочи Ангелов.