Oхридското Основно јавно обвинителство почна истрага против 38-годишен државјанин на Албанија поради сомнение дека сторил кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осомничениот, вчера, околу 20 часот, во Дебарца, бил запрен од полициски службеници додека управувал автомобил „ситроен берлинго“ со албанска регистрација, а во сопственост на друго лице.
При извршен претрес во возилото биле пронајдени 100 килограми марихуана, спакувана во 100 полиетиленски пакувања распределени во 5 најлонски вреќи.
Поради потребата од непречено одвивање на кривичната постапка, јавен обвинител доставил предлог за определување притвор за Албанецот.