Семејствата на дел од оштетените во автобуската несреќата кај Ласкарци се изјаснија дека се приклучуваат на кривичниот прогон и побараа отштета, на денешното судење во Основниот суд во Скопје, пренесуваат повеќе медиуми.
Дел од оштетените, повеќето претставници на семејствата на починатите патници се произнесуваа на денешното рочиште. На следното рочиште закажано за 18 октомври ќе продолжи произнесувањето, кога треба да сведочат преживеаните патници.
Шеснаесет луѓе загинаа, а 37 беа повредени во автобуската несреќа кај селото Ласкарци, во февруари. За несреќата обвинети се шест луѓе – сопственикот на „Дурмо турс“ Дурмиш Белули, вработениот во фирмата Ремзи Мифтари, возачот на автобусот Маноил Трифуновски и тројца вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боваровски.