Седумнаесетгодишна девојка загина, а две лица, на возраст од 20 и 19 години, се тешко повредени во сообраќајна несреќа што ноќеска во 1.30 часот се случи на крстосницата од ул.„2“ и ул.„10“ во с.Миладиновци и локален пат за с.Бујковци, кај железничката пруга.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила кога автомобилот, кој го управувал Н.С.(20) од Куманово, излетало од коловозот.
На местото на незгодата починала 17-годишна сопатничка од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште една сопатничка, Т.П.(19) од Куманово, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.