Претседателот на Советот на обвинители, Коле Штерјев, седницата на која се очекува да почне постапката за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева, најверојатно ќе ја закаже во текот на наредната недела.
Обвинителството за организиран криминал го достави до Советот на јавните обвинители извештајот за преземени активности и дејствија во предистражната и истражната постапка за случајот „Рекет”, во кој осомничена е и Јанева.
Советот исто така треба да одлучи и дали ќе назначи вршител на должност на местото на Јанева, како што повика државниот обвинител Љубомир Јовески, повикувајќи се на постојниот Закон за обвинителство или тоа ќе биде оставено да го договорат најголемите политички партии кои ја избрале специјалната обвинителка, како што тврди претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски.