Автобусот на „Дурмо турс“ имал уред за манипулација на брзината, кажа возач со осумгодишен работен стаж во компанијата на денешното рочиште за автобуската несреќата кај Ласкарци.
Сведокот додаде дека на дента на несреќата автобусот постојано возел на една тахографска лента, како и дека со возилото управувале тројца возачи, меѓу кои бил и тој. Друг возач, пак, претходно истакна дека имало вграден уред со кој се манипулирала брзината на движење на тахографската лента.
Еден од сведоците на рочиштето посочи дека претпоставените не ги контролирале тахографските ленти. Возачите додадоа дека не забележале ништо невообичаено кога управувале со автобусот, како и дека никој од нив не се пожалил на здравствени проблеми, а не увиделе ниту технички проблеми со автобусот.
Во автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, за што обвинети се шест лица