Двајца работници кои се затекнале на автопатот „Струма“ и повикале помош, го раскажуваат нивното сведоштво за вчерашната трагична несреќа во Бугарија во изјава за бугарска „БТВ“. Илија Николов и неговите колеги работеле покрај автопатот, на околу 500 метри од несреќата.
– Слушнав прасок, но не можев да сфатам за што станува збор. Мојот колега и јас слушнавме дека нешто гори. Не гореше силно, но огнот постепено се засили. Се доближивме и сакавме да помогнеме, но немаше начин. Веќе беше многу жешко и не можевме да се доближиме до автобусот. Луѓето кои излегоа од автобусот викаа и се обидуваа да помогнат, но температурата беше многу висока. Видовме парчиња на изгорена гума – вели сведокот на несреќата.
Николов и неговите колеги повикале помош веднаш штом увиделе дека се случила несреќа.