Две лица се здобиле со лесни телесни повреди во две од седум сообраќајни незгоди што во изминатите 24 часа се случиле на подрачјето на СВР Скопје.
Сообраќајната полиција санкционирала 56 возачи што се движеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 19 возачи.
Според полицискиот извештај, пет управувале возило под дејство на алкохол, 13 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, еден почетник, а 12 биле нерегистрирани.
Непрописно биле паркирани 84 возило, а пајак службата подигнала 82 моторни возила.
Санкционирани биле и четворица возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците, еден неправилно престигнувал, тројца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница и тројца возачи се санкционирани за некористење заштитен шлем.