Обвинителката која го води случајот „Рекет“, Вилма Русковска, изјави дека е задоволна од почетокот на судењето за случајот, но истакна дека очекувала признание на вина од повеќе обвинети, а не само од обвинетиот Зоран Милески – Кичеец.
Адвокатот на бизнисменот Орце Камчев, пак, рече дека и натаму ќе бараат од судот тој да се води како „оштетен“ и истакна дека Камчев не е криминалец.