Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, дојде во Советот на јавни обвинители со цел пред членовите на Советот да образложи зошто Јанева е осомничена.
Претседателот на Советот, Коле Штерјев, на влегување во зградата рече дека не сака да го коментита исходот од седницата.
Седницата ќе биде затворена за јавност.
Обвинителството за организиран криминал пред четири дена до Сoветот го достави извештајот за преземени активности и дејства во предистражната и истражната постапка за случајот „Рекет“.
Советот исто така треба да одлучи и дали ќе назначи вршител на должност на местото на Јанева, како што наведе државниот обвинител, Љубомир Јовески, повикувајќи се на постојниот Закон за Обвинителството или тоа ќе биде оставено да го договорат најголемите политички партии што ја избрале специјалната обвинителка, како што тврди претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски.
Мандатот на Јанева истекува на 15 септември.