Одрон на камења во ископаната јама на рудникот се случила синоќа каде почина рударот Ј.П. (55) од село Мождивњак, Кривопаланечко.
– На ден 23.08.2018 во доцните вечерни часови, се случи природна катастрофа – одрон на камења во ископната јама на рудник „Тораница“ – Крива Паланка каде што, како резултат на овој несреќен случај, тешко беше повреден рудар во рудникот „Тораница’ – Крива Паланка кој како последица на сериозноста на повредата и видот на ранувањето нашиот вработен подлегна на повредите – информираат од „Минстрој“ А.Д. Софија и „Булмак 2016“ д.о.о.е.л. Пробиштип.
За случајот се известени надлежни институции и органи, кои се на лице место на несреќниот настан.
Од компанијата изразуваат сочувство и жалење до семејството на рударот и најавуваат дека во знак на солидарност одлучиле планираното одбележување на Денот на Рударите – 28. Август, да биде откажано.