Четириесет и шестгодишен ресенец загина во сообраќајна несреќа кога со автомобил излетал од патот.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера попладне на регионалниот пат Ресен-с.Царев Двор, после клучката за с.Горно Дупени, кога возило „опел фронтера“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(46) од Ресен, излетало од коловозот.
Возачот починал на местото на несреќата. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен.