Две лица загинаа кога возило „рено меган“ излета од автопатот Скопје-Велес, во атарот на село Сопот.
Како што соопшти МВР, вчера, во 14,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес во атарот на село Сопот, патничко моторно возило „Рено Меган“ со кочански регистерски таблици, управувано од Г.Б.(35) од Кочани, излетало од коловозот. На местото на настанот починале возачот и сопатникот Д.М.(36) од Кочани.
Извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телата биле предадени во Институтот за судска медицина за обдукција.
Се работи на целосно расчистување на случајот.