Полициската станица Центар го расчисти случајот со лажното јавување во Итна медицинска помош, кој беше сниман и објавен на апликацијата Тикток во неделата, по што беше споделен и на други социјални мрежи и против Х.К.(25) од село Јурумлери, Скопско, ќе поднесе соодветна пријава.
– По објавувањето на видеото на апликацијата Тикток и на други социјални мрежи, беа преземени мерки и беше констатирано дека Х.К. е лицето кое се јавува во службата за Итна медицинска помош Скопје, со што постапил спротивно на Законот за прекршоците
против јавниот ред и мир, поточно член 16, бидејќи лажно повикувал на помош и пријавувал настан – се наведува во соопштението на МВР.
Вчера во 16.30 часот во просториите на Полициската станица Центар со Х.К. бил извршен разговор, при што тој појаснил дека во неделата околу 2 часот по полноќ, додека бил во парк во општина Аеродром се јавил во Итната медицинска помош и го сторил делото за кое добил пријава.