По барање на Специјалното јавно обвинителство поради преземање на предметите од СЈО во ЈО, денешната расправа за случајот „Титаник 3“ беше одложена.
– Непријатна е ситуацијата во која дојдовме. По првпат СЈО бара одлагање на судското рочиште. Познато ни е дека во тек е постапка за предавање на предметите до Јавното обвинителство. Со самото тоа предметот е во надлежност на републичкото обвинителство од каде треба да одлучат кој ќе го води предметот – рече Фетаи.
Предметот „Титаник 3“ се однесува на уништување на изборен материјал, а обвинети се координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир.