Албанскиот премиер Еди Рама изрази сочувство до семејствата на жртвите од пожарот во тетовскиот ковид-центар, а на повредените им посака побрзо закрепнување.
– Придружувајќи се кон сите вас во искрено и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од синоќешната трагедија во Ковид болницата во Тетово, како и во братската прегратка за целата тетовска заедница и сите луѓе од Македонија, ви посакувам мирен ден вам и на вашите семејства – напиша Рама на Фејсбук.
И албанската министерка за надворешни работи, Олта Џачка, напиша дека е „длабоко тажна поради трагедијата ковид-болницата во Тетово“. Сочувство до семејствата на жртвите и побрзо закрепнување на повредените посака и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, а прв во врска со трагичниот настан реагираше албанскиот претседател Илир Мета, истакнувајќи дека со длабока загриженост и тага ја следи несреќата.
Во врска со овој трагичен настан прв, пред полноќ реагираше шефот на државата, Илир Мета, наведувајќи дека со длабока загриженост и тага ја следи трагедијата што се случи во тетовската болница.
Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај, ги понуди сите капацитети на Безбедносните сили на Косово (ФСК) за помош на Тетово и на сите кои имаат потреба по пожарот во тетовската модуларна болница, објавија повеќе медиуми, повикувајќи се на информации од дописникот на МИА од Приштина. Тој им изразил сочувство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и на тетовската градоначалничка Теута Арифи.