Штрајкот на затворениците во „Идризово“ е ставен во мирување. Прекинот бил договорен со затворската управа со која договориле системски да се разгледаат нивните барања.
– Ние осудените лица го известуваме директорот на КПД „Идризово“ дека од денес претходно најавениот штрајк го ставаме во мирување, бидејќи со него е постигнат договор да ги претставува нашите барања пред сите надлежни институции – пишува во писмото на затворениците до Управата на затворот.
Од „Идризово“ за МИА изјавија дека е откажан и најавениот протест за утре за пред Владата на РМ, што требаше да го одржат семејствата на затворениците.
Тие во писмото до Управата ги повториле нивните четири барања за општа амнестија, за менување на статусот на доживотно осудените лица, за ревизија на сите кривични дела за кои сметаат дека се монтирани и за регулирање на статусот на странските осуденици.