Полициски службении од Скопје и Кичево во соработка со Одделот за специјални полициски операции, вчера ги уапсиле Е.И.(28) од Скопје, А.К.(33) од Скопје, Н.А.(47) од Кичево, како и В.Б.(38) од Кичево и Ф.М.(26) од Прилеп.
Како што информираат од МВР, по претходно преземени активности и добиена судска наредба, извршени биле претреси во домовите и други простории кај петте лица, при што биле пронајдени и одземени куршуми, марихуана, прашеста материја и разни други предмети кои потекнуваат од кривични дела.
Така, расчистени биле две кривични дела „разбојништво“, извршени во декември 2020 и јануари годинава, од кои едното со смртни последици.
Петте лица се приведени за понатамошна постапка.
Од Одделението за внатрешни работи Кичево против Е.И., А.К. и Н.А. е поднесена кривична пријава за тешки дела по член 237 од Кривичниот законик, при што од страна на судија им е изречена мерка притвор.
На В.Б. и Ф.М., пак, од страна на ОВР Кичево и ОВР Прилеп ќе им бидат поднесени пријави по член 396 и член 215 од Кривичниот законик.