Вчера во 11.00 часот во СВР Охрид, од болницата Св.Еразмо, било пријавено дека кај нив бил донесен С.Б. (47) од Охрид со тешки телесни повреди во пределот на главата и ребрата.
Поради сериозноста на повредите, С.Б. со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. С.Б. додека изведувал градежни работи на покрив, демонтажа на лесонитни табли, во еден момент паднал од покривот.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.