Работник почина откако утрово бил погоден во градите од метално парче од алат со кој работел во Фабриката за заварени цевки и профили во Куманово, соопштија денеска од МВР.
Според привичните информации на полицијата во несреќата се случиула во 8 часот утрово. Вработениот со иницијали Б.В починал на пат кон болницата.
Од МВР информираат дека се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.