Четириесетгодишен маж загина на работното место во фирма во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 09 часот во полиција било пријавено дека во фирма на ул. „Боца Иванова“ во Скопје, врз Џ.Е. (40) од село Елово, Скопско, паднала бандера додека извршувал работни задачи, по што починал.
Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.