Едно лице е повредено од огнено оружје во пределот на десната потколеница попладнево во скопската општина Чаир.
Случајот во полиција бил пријавен денеска во 17:45 часот. Пукањето, според првичните податоци на полицијата, се случило на ул.„Лазо Трповски“ во општина Чаир, а станува збор за лицето В.Б. (40) од Скопје.
Во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н.. Лицето В.Б е пренесено во ГОБ „Св.Наум Охридски“.
Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.
Одредени медиуми вечерва пишуваат дека станува збор за економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља, кој пред неколку месеци беше поставен на функцијата од редовите на ДУИ.