Непознати лица вчера пукале од огнено оружје во село Долно Матка.
Според информациите на МВР, инцидентот се случил околу 16 часот, кога во полиција било пријавено дека на кејот на река Треска, неколку непознати лица пукале со огнено оружје.
– Полициски службеници излегле на местото на настанот. На земјен пат биле пронајдени повеќе чаури, кои биле подигнати за понатамошна постапка од увидна екипа од СВР Скопје – соопштија од МВР.
Од таму додаваат дека се работи на расчистување на случајот.