Неколку шумски пожари се активни во северниот дел на општина Кичево, односно во близина на регионот Добра вода. Засега селата во овој регион не се во опасност да бидат зафатени со пожарите.
Од општина Кичево информираат дека активиран е локалниот штаб за кризи, за да се делува поефикасно, противпожарните екипи се на терен и работат непрекинато, а ангажирани се и авиони за гаснење на пожарите.
Мобилните екипи се уште на терен и се справуваат со огнената стихија, информираат од службата за односи со јавност на општина Кичево, од каде апелираат до граѓаните да се воздржат од палење оган на отворено, бидеќи последиците се огромни. Посочуваат дека факторот човек е причинител за појава на пожарите.
И покрај тешкиот и непристапен терен ситуацијата е под контрола и екипите ќе остануваат на терен да ја следат ситуацијата, велат од општина Кичево.