Три лица од Скопје се приведени откако полицијата кај нив пронашла хероин и марихуана, информираат од МВР.
Вчера во 13.30 часот во с.Кадрифаково, светиниколско, од страна на полициски службеници биле лишени од слобода лицата М.Ф.(27), Ф.Р.(40) и Љ.И.(25), сите од Скопје, бидејќи при извршен преглед кај нив и во патничкото моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во кое се превезувале, биле пронајдени 60 грама хероин, како и марихуана.
Против овие лица е поднесена кривична пријава и во текот на денот ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, информираат од министерството за внатрешни работи.