Во попладневните часови на вчерашниот ден (31 мај), во СВР Скопје било пријавено дека во кампот за бездомници во Чичино село бил пронајден починат 61-годишен скопјанец, времено сместен во кампот.
Смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.