Утрово околу 6 часот во центарот на Прилеп, во близина на Меморијалниот музеј „11 Октомври“ било пронајдено мртвото тело на прилепчанец на возраст околу 30 години.
Според првичните информации починатото лице било пронајдено како лежи покрај една клупа во блискиот парк.
На лице место веднаш е излезена екипата на Итна Помош Прилеп која само ја констатирала смртта на починатиот.
Врз телото немало траги на насилство, а за да се утврдат точните причини за смртта
наредено е да се изврши обдукција врз телото на починатиот. Ка.М.