Три лица се приведени под сомнение дека краделе велосипеди од подруми и станови во Скопје.
Е.М.(24) и А.И.(22), двајцата од Скопје, краделе велосипеди од подруми и станови на подрачјето на Скопје, по што ги продавале кај Х.К.(53), кој ги купувал велосипедите за минимална цена и ги препродавал или ги расклопувал во делови.
Досега од сторителите се одземени 26 велосипеди, еден апарат за заварување, една бормашина, една брусалица, две рачни стеги, разен рачен алат и лап топ.
МВР ги повикува сите оштетени граѓани во Полициската станица Карпош, секој работен ден од 9 до 15 часот за препознавање на велосипеди.
Против тројцата осомничени се поднесени кривични пријави.